10 нови случаи со Ковид 19 во Тетово и тетовско

Најмладиот пациент во тетовско со Ковид 19 од пред два дена е 4-месечно бебе, а заразено е и 4-годишно дете, откако нивните родители биле позитивни на тестот за коронавирусот.

4-месечно бебе од пред два дена е најмладиот пациент со Ковид 19 во Тетово и тетовско, а заразено е и 4-годишно дете, откако нивните родители биле позитивни на тестот за коронавирус. И денес во овој регион има 10 нови случаи, при што е регистриран нов кластер во општина Желино, додека останатите се од градот Тетово.

Потенцијално ново жариште изминатиов период е општина Теарце, со 36 случаи. Деновиве најголем број се во селото Теарце, а предходно имаше повеќе во селото Слатино.  

Поради постојаниот раст на случаите со Ковид 19 во овој регион се направени 200 теста во рамки на вонредниот скрининг кој се спроведува во соработка со матичните лекари, но се уште се чекаат резултатите.

error: Content is protected !!