11 вработени и 3 деца позитивни на корона до сега во училиштата и градинките во Гостивар

Состојбата со коронавирус во училиштата и градинките во Гостивар за сега е стабилна, без високи бројки на заразени. Според евиденцијата на општинскиот Сектор за образование од почетокот на нивната работа, заклучно со денес вкупно се регистрирани 11 вработени и 3 деца позитивни на вирусот.

„Во ОУ „Гоце Делчев“ има најмногу, односно 4 вработени, 3 ученици, тука ја имаме и бројката од 5 родители. Во другите има по еден до два случаи, како „Исмаил Ќемали“ двајца вработени, „М.К.Ататурк“ еден наставник. Во градинката регистрирани се до сега три позитивни случаи, две воспитувачки и една негувателка. Ова е состојбата до денес, ние постојано ја следиме и преземаме соодветни мерки“, информираше Аслијан Снопче, раководител на Сектор за образование во Општина Гостивар.

Во училиштата и градинките кадешто се потврдува позитивен случај се преземаат соодветни мерки, вели Снопче. Во консултација со епидемиолог, во изолација се ставаат други ученици и вработени, зависно од контактите. Доколку заразените наставници немаат тешки симптоми, продолжуваат со настава онлајн, за да не се губи од часовите.   

Според последните податоци од Министерството за здравство, во регионот на Гостивар има 285 активни случаи на коронавирус. Вчера беше забележана рекордна бројка од 40 новозаразени за едно деноноќие.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!