13 лица од Гостивар веќе трета недела се во самоизолација

13 гостиварци од саботата се во домашна изолација, откако претходно поминале 14 дена во карантин во Дебарски Бањи по прогласувањето на кризна состојба во општините Дебар и Центар Жупа.

Амза Кагури е еден од работниците кои по прогласувањето на кризната состојба во Дебар и Центар Жупа заедно со колегите се враќале од струшкиот регион кон Гостивар. Но од полицијата не биле пуштени. Биле запрени кај Бошков мост и дури утредента сите 13 лица биле сместени во хотел во Дебарски Бањи. По 14 дена самоизолација тие без да бидат тестирани биле пушени дома, со наредба да бидат уште две недели во самоизолација.

Кагури реагира за одлуката воопшто да не бидат тестирани и да бидат изолирани дома, во време кога нивните фамилии зависат од нивната работа.

-Ние ги почитуваме мерките и препораките на владата како превенција од ширење на коронавирусот, но сега некој нека ми каже како јас кога веќе трета недела сума дома да ја прехранам фамилијата таа зависи од мене и од мојата работа, рече Кагури

Од Кризниот штаб Гостивар велат дека со Црвениот крст Тетово и невладините организации ќе одржат состанок со цел поголема координација за носење на помош на сите лица кои се во домашна самоизолација вклучувајќи го и работникот Амза Кагури и неговите 12 колеги кои се вратиле во саботата од Дебарски Бањи.             

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!