134 казни за паркирање за три дена во Тетово

Засилените мерки и активности на Секторот за внатрешни работи Тетово за воспоставување поголем ред и безбедност со паркирањето во Тетово со несмален интензитет се реализираа и вчера, претежно на двете најфрекфрентни тетовски улици, „Илинденска“ и „Маршал Тито“.

За три дена на овие улици вкупно преземeни се 134 мерки, односно толку возачи биле санкционирани за непрописно, односно погрешно паркирање, најчесто во таканаречени „двојни редови“. Покрај тоа, од тетовската „пајак-служба“ во овој период подигнати се 40 возила, кои го попречувале нормалното и безбедно движење на други учесници во сообраќајот.

На погрешно паркираните возачи изготвени им се поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените парични глоби, кои за овој вид прекршоци се движат од 45 до 180 евра во денарска противвредност.

Овие активности ќе продолжат и во наредниот период на сите улици во Тетово, а СВР Тетово апрлира до возачите да го почитуваат утврдениот режим за паркирање и да не ги оставаат возилата на недозволени места, а пред се на тротоари, во зона на крстосници или во „двојни редови“ и да создаваат големи сообраќајни мешаници.