14-та седница на Советот на Општина Тетово
Денес се одржа 14-тата седница на Советот на Општина Тетово. Советниците гласаа за формирање три подстаници на територијалната противпожарна единица во околните општини, за усвојување правилници, именување членови на неколку општински тела и друго.
Обемен дневен ред се најде пред тетовските советници на денешната Седница, иако неколку од точките беа повлечени. Се гласаше за предлог одлука за збратимување, за именување ченови во Советот за безбедност на сообраќајот и за претставници во Совет за превенција од малолетничка деликвенција. На дневен ред се најде и студијата за основање подстаници на територијалната противпожарна единица.
Иницијативата на министерката Славјанска Петровска за подигање на спомен-обележје во чест на загинатите припадници на безбедносните сили кои своите животи ги загубија во масакрот кај Вејце, советниците од СДСМ ја предложија до Советот на Општина Тетово.
Предлогот не беше усвоен. За негово додавање во дневниот ред гласаа само 6 советници од македонскиот блок, останатите гласаа воздржано.
Данијела Билбилоска