15 општински инспектори недостасуваат во Тетово

Дури 15 општински инспектори недостасуваат во Тетово. Досега само 16-мина вршат инспекциски надзори и контроли во сите сектори. Само по двајца има во градежништво и во комунални дејности, еден за туризам, инспектор за даночни обврзници со овластување за првпат е назначен оваа година, а инспектор за домување нема.

            За да имаат поефикасна работа од Инспекторатот велат дека потребно е да се направи систематизација.  

            Инспекторатот до неодамна немал ниту едно возило за на терен, а од градоначалникот добиле ветување за подобрување на условите за работа и нови вработувања.

Граѓаните велат дека мора да има повеќе контроли и казни за да се воспостави ред, затоа што Тетово е град со многу проблеми – дивоградби, аерозагадување, депонии.

             И тетовските советници денес побараа поголема ажурност на инспекциските служби на состанокот кој се одржа во Општина Тетово.

Данијела Билбилоска