15-ти јули е крајниот рок за доставување листи со кандидати за советници за престојните избори
15-ти јули е крајниот рок во кој политичките партии треба да ги достават листите со кандидати за советници во пресрет на изборите за нов Совет на Општина Тетово кои се закажани за 20-ти август годинава. Од тетовската општинската изборна комисија, информираат дека досега не се доставени листи од политички партии, но се очекува да достават во престојните два дена до истекот на рокот.
Околу подготовките за престојните избори за советници, секретарот на ОИК Тетово, Назми Даути, посочи дека течат во најдобар ред.
Инаку, претходниот општински Совет беше распуштен од Владата на РСМ, поради тоа што тогашните советниците не успеаја да ја донесат завршната сметка на буџетот до крајот на март годинава. Новите членови во Советот на Општина Тетово, пак, ќе се бираат на 117 избирачки места во Тетово.
Ивана Серафимовска