15 хоспитализирани со ковид во тетовската болница

15 пациенти со ковид 19 се хоспитализирани во тетовската клиничка болница, додека, пак,бројот на амбулантските прегледи oвој период е зголемен. Во однос на висока бројка на починати лица која беше објавена вчера, од болницата појаснуваат дека се однесува на подолг период, а не само за еден ден.

Преполовен е бројот на пациенти со Ковид 19 во тетовската клиничка болница за разлика од пред еден месец. Денес се примени тројца нови пациенти, со што во болничките соби се хоспитализирани вкупно 15 болни лица.

Периодов зголемен е бројот на амбулантски прегледи, вели доктор Гзим Нуредини, координатор на Ковид центарот.

По вчерашната објава на ресорното министерство на податокот за 11 починати лица, д-р Нуредини објаснува дека објавена бројка се однесува и на предходниот период, а не само на едно деноноќие. Податоците не биле навреме регистрирани.

Со вчерашните 13 нови случаи и 49 оздравени, бројот на активно болни во Тетово и околните општини се спушти на 326. Од почетокот на пандемијата до сега регистрирани се вкупно 5 045 ковиддијагностицирани пациенти.

error: Content is protected !!