157 санкции за брзо возење во Tетовско

Полицијата во текот на викендот контолираше со која брзина се движат возачите на автопатите во тетовскиот регион. Санкционирани се 157 лица кои ги управувале возилата со брзина поголема од дозволената. Од МВР велат дека ваквите засилени контроли даваат ефект, односно бројот на сообраќајните незгоди е намален.

Мобилната единица за безбедност во сообраќајот при Министерството за внатрешни работи и полициски службеници од  Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, викендов спроведоа засилена акциска контрола во областа на сообраќајот во Tетовско  и на автопатот Скопје-Тетово, при што санкционирани се вкупно 157 возачи кои возеле со брзина над дозволената.

Од нив, најмногу, односно 93 прекршоци се констатирани на автопатот Скопје-Тетово, а останатите на подрачјето на Тетово. 

Од МВР велат дека ваквите засилени контроли даваат ефект, односно бројот на сообраќајните незгоди е намален.

За видеата на социјалните мрежи во кои возачите возат со голема брзина од МВР велат дека соодветно се санкционираат.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.