16-годишниот Велко Тодоровски го фати осветениот крст на Водици во Челопек
16-годишниот Велко Тодоровски од Челопек, го фати светиот крст на Богојавление – Водици, во осветените води во базенот на црквата „Свети Никола“ во село Челопек.
Литургијата по повод празникот традиционално како и секоја година, најпрво започна во црквата „Света Богородица“, а потоа поворката со Богојавленскиот крст се упати кон местото викано „Три чешме“ каде беа осветени водите на селската чешма. Потоа следуваше пристигнување во црквата „Свети Никола“ каде беше одржан чинот на спуштање на светиот крст.