16 срциња од Гостивар кон небото за 16-те жртви во автобуската несреќа


Notice: Undefined variable: args in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 371

Меморијалниот марш „Ласкарци“ годинава имаше скратена рута поради лошите временски услови, но ја задржа симболиката – Гостивар е обединет во тагата и вакви несреќи да нема никогаш повторно. Најмалиот учесник во маршот имаше само 7 години.

Во невреме, на минусни температури, по снег 30-тина планинари и граѓани маршираа во спомен на жртвите во автобуската несреќа кај Ласкарци. Меморијалниот марш годинава имаше скратена рута, но ја задржа симболика и испрати силна порака – Вакви трагедии никогаш да не се повторат.

Маршот што во сабота невечер го организираа повеќе спортски клубови, под покровителство на општината, започна од гостиварската наплатна рампа, а заврши на градкиот плоштад.

Најмладиот учесник во годинешниот Меморијален марш „Ласкарци 2021“, беше седумгодишниот Жарко. Невремето и студот не го исплашија да ги испешачи неколкуте километри заедно со останатите планинари.

На градскиот плоштад во Гостивар во спомен на 16-те загинати во несреќата, кон небото беа пуштени 16 црвени балони во вид на срце, а нивниот симболичен пат до вечноста беше проследен со светлосни ефекти.