16 –та седница на Советот на општина Тетово
На денешната 16-та по ред седница на сегашниот состав на тетовскиот совет, на дневен ред се најдоа на 18 точки и една дополнителна. Советниците расправаа за детални урбанистички планови со кои се предвидува рушење на бесправно изградени објетки, стратешки план за локален економски развој, за формирање социјален совет и друго.
Од советничката група на ДУИ излегоа со реакција за точката со која се предвидува поголеми ингеренции во паркирањето во Тетово, која потоа беше тргната од дневен ред за да се доработи. Тие се и против промената на висината на општинските такси
Седницата траеше со часови.
Данијела Билбилоска