163 нови случаи со ковид 19 во земјава

16 се во Тетово и тетовско, додека 8 во Гостивар и околината. Денеска има 230 оздравени пациенти, како и 8 починати лица.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1794 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на ковид-19. Во тетовскиот регион има 16 новозаразени, со што вкупната бројка од почетокот на пандемијата достигна 805, од кои активни се 343. Во гостиварско има 8 нови случаи со ковид, со што вкупната бројка изнесува 180, а активни се 109.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 230 оздравени лица од кои 45 од Тетово и 1 од Гостивар. 

Починати се 8 лица, шест пациенти од Скопје, еден од Дебар и еден пациент од Тетово на возраст од 53 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7406, бројката на оздравени пациенти е 3554, на починати е 359, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3493.

Здравствените власти потсетуваат дека мора да научиме да живееме со вирусот.

error: Content is protected !!