175 години од упокојувањето на Кирил Пејчиновиќ – хорот „Менада“ со свој настап на одбележувањето

175 години од упокојувањето на Кирил Пејчиновиќ – просветител и преродбеник кој оставил силен белег врз развојот на православието во регионот. Градскиот женски младински хор „Менада“ по тој повод настапи во Културно духовниот центар во Лешок, со изведба на композиции од православната духовна музика.

Следната година хорот „Менада“ ќе одбележи 40 години од своето постоење, како и 30 години од основањето на „ТЕХО“. Хорот како и секогаш беше предводен од диригентот – маестро Ивица Зориќ.

error: Content is protected !!