20 новозаразени пациенти со коронавирус во тетовско.

20 новозаразени пациенти со коронавируси во тетовско. Тетово и Општина Теарце се уште се најголемите жаришта. Во градот има 11 позитивни случаи, а во Теарце каде има 4 активни кластери евидентирани се нови 3 случаи, со тоа вкупната бројка во оваа рурална општина изнесува 63.

Непочитувањето на мерките го зголеми бројот на позитивни случаи во тетовско.Досега имаме вкупно 556 лица позитивни на вирусот, а 36 заразени починале. Поголем дел од граѓаните во последно време се инфицирани, но не знаат од каде.

Од Центарот за јавно здравје Тетово велат дека најголемиот проблем е токму криењето на контактите со веќе заразено лице

Од  СВР Тетово велат дека сите лица кои не ги почитувале здравствените препораки во време на епидемија се казнети согласно законските прописи. Од почетотокот на епидемијата досега се казнети 3636 граѓани кои не носеле заштитни маски.

Во тетовско деновивие заврши вонредниот скриниг на населението каде во повеќе општини од овој регион беа пронајдени позитивни случаи на коронавирус. Голем дел од нив биле без симптоми ,а претходно според направената анкета се движеле по јавни простори и имале контакт со повеќе лица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!