183 лица казнети за неносење маска

Билтен на СВР Тетово.

Според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово 183 лицa ќе платат казна затоа што не носеле заштитна маска во текот на изминатото деноноќие. Дури 115 од нив во гостиварско, а 68 во тетовско. Во овој период на 123 на тетовското и 41 лице на гостиварското подрачје изготвени им се нови решенија за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, а при извршените контроли на лица со вакви решенија било констатирано дека едно лице во Тетово не го почитувало издаденото решение.

Вчеравечер полицијата лишила од слобода 48-годишник од тетовско Долно Седларце, кој од продажен објект во тетовски трговски центар во Тетово претходно извршил кражба на производи. Во неговото возило пронајдени и одземени му се украдените производи, а нешто подоцна тие му се вратени на нивниот сопственик. Против лицето ќе следува соодветен поднесок.

Во Гостивар, вчера биле приведени две лица. 47-годишник од гостиварска Долна Бањица, кој одбил да се легитимира и се однесувал агресивно кон полициски службеници кои преземале службени дејствија од областа на сообраќајот и 17-годишник од Гостивар, затоа што при преглед му била пронајдена марихуана.

Во полицискиот билтен регистрирани и два случаи на семејно насилство.

20-годишна жителка од тетовско село вчера во СВР Тетово пријавила дека на 16 ноември годинава била физички нападната од нејзиниот 22-годишен сопруг.

Вчеравечер полициски службеници привеле 25-годишен тетовец, бидејќи пред тоа физички го нападнал таткото на неговата сопруга.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случаите.

error: Content is protected !!