2. МФЛ – Запад, 12. коло: Вардар Форино пред откажување?!


Notice: Undefined variable: args in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 371

Екипата на Вардар Форино не го одигра натпреварот од 12. коло на 2. МФЛ – Запад на домашен терен против Влазрими. Според информациите од Гостивар, фудбалерите незадоволни од неисплатените плати одлучиле да не го одиграат натпреварот. Во официјалниот записник стои дека после чекање од 30 минути домашната екипа не се појавила на теренот. Се очекува ФФМ да го регистрира овој натпревар со службен резултат од 3-0 за Влазрими, а екипата на Вардар Ф. да добие казна. Следното второлигашко коло е во среда, а доколку екипата од гостиварско повторно не се појави на теренот, ќе следува дисквалификација и преселба во најнизок ранг (Општинска лига Гостивар, 4. ранг).

Резултати и стрелци – 2. МФЛ – Запад, 12. коло:

Кораб – Гостивар 1-1
(22′ Филип Алексовски – 55′ Трајче Стојковски)

Тетекс – Велешта 2-3
(44′ Лазар Пеев, 84′ Нинослав Здравковски – 62′ Игор Клечкароски, 75′ 80′ Аљтин Лога)

Охрид – Дрита 5-0
(27′ Бурхан Алији, 77′ Александар Ѓорѓиески, 79′ 90+1′ Александар Целески, 88′ Шериф Реџепи)

Кадино – Скопје 0-1
(26′ Мустафа Јусуф)

Вардар Ф. – Влазрими 0-3 сл.

Табела:
1. Скопје 27
2. Гостивар 24
3. Велешта 20
4. Охрид 19
5. Влазрими 19
6. Кораб 18
7. Кадино 14
8. Вардар Ф. 12
9. Дрита 6
10. Тетекс 6