20 години од масакрот кај Вејце


Notice: Undefined variable: args in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 371

Во чест на загинатите присутните положија свежо цвеќе, а беше поставена и спомен плоча.

Претставници на полицијата, Армијата, здруженија и политички партии положија цвеќе во месноста Брезовица, кај тетовското село Вејце, каде пред 20 години во масакрот животот го изгубија 8-мина бранители. Поставена и спомен плоча која ќе сведочи за нивното херојство.

Притоа од организаторот – Здружението „Одбор на бранители“ упатија порака до властите, да не се повтори истото како и предходните години, односно, плочата овојпат да биде зачувана. Воедно изразија надеж дека кога-тогаш и правдата ќе биде задоволена. 

Бранителите кои учествуваа во воениот конфликт во 2001 година порачуваат да не се повтори.