20-годишната Памела Маџовска е избрана за вешта жена на град Тетово
20-годишната Памела Маџовска е избрана за вешта жена на град Тетово и таа ќе учествува на Републичкото финале во октомври. Освои прво место по гласови од публиката, а беше победничка и според гласањето на жирито, кое ги оценуваше натпреварувачките маси на 5-те млади девојки.
Инаку, Вешта жена годинава прославува 30-годишен јубилеј, 3 децении традиција на дружење и подготвување и декорирање храна.
По повод 30, 25 и 10 годишно учество на манифестацијата беа врачени благодарници за заслуги и придонес во работата на Здружението, како и признанија во областа на образованието и медицината.
На Манифестацијата свое учество зедоа и ученици од ОУ Гоце Делчев, кои преку цртеж под мотото „Со здрава храна и чист воздух до здрав живот – Тетово сака парк“ ја поддржаа иницијативата градот да добие парк.
Данијела Билбилоска