20-ти роденден на училиштето за англиски јазик „Pegasus ELS“
20 години од основањето и почеток на една успешна и посветена ера во полето на предавање на англискиот јазик, синоќа одбележа приватното училиште за изучување англиски јазик „Пегасус Елс“ од Тетово. Со богата музичко-забавна и образовна програма, најмалите членови на „Пегасус Елс“ семејството, ги заокружија нивните досегашни успеси. Детските насмевки и нивната радост беа неизбежни, а најмладите уште еднаш покажаа зошто вреди да се биде дел од магијата наречена „Пегасус Елс“.
Училиштето „Пегасус Елс“ е познато и по иновативните методи коишто се користат при изучување на англискиот јазик.
Покрај најмладите, училиштето нуди и програма за возрасни, распределени во повеќе групи, со кои во моментов работат 4 професори, а целта е како што велат дас е задржи фокусот на сите ученици со можност за поголемо практикување на англискиот јазик на часовите.
Ивана Серафимовска