202 сообраќајни санкции за еден ден во Тетово и во Гостивар

Мобилната сообраќајна единица на Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените акциски контроли на патиштата. Овие два дена вакви активности се спроведуваат на патиштата во Тетово и во Гостивар.

202 санкции се регистирани во Тетово и во Гостивар во вчерашните засилени сообраќајни контроли на Министерството за внатрешни работи.

Најголем дел од нив се однесуваат на нерегистирани возила, возење без возачка дозвола и неносење заштитна маска, информираше портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

„Засилените сообраќајни контроли ги намалија сообраќајните незгоди на патиштата во државата“, изјави Ангеловски.

Засилените сообраќајни контроли на МВР ќе продолжат.