2020 година ќе остане во сеќавање на Тетовци како една од најтешките години

Носење маски, применување социјална дистанца, раст на новозаразени лица, економска криза – ова се нештата кои кај нас, но и на глобално ниво беа секојдневна тема. Луѓето мораа да се прилагодат на нов начин на живот со цел заштита од појавата на новиот коронавирус кој го погоди светот. Тетовци разочарани – велат нема ништо убаво според кое ќе ја помнат годинава која изминува – сметаат дека ова е една од најтешките години во поновата историја.

Пандемијата како голем предизвик за човештвото започна во првите месеци од годината и се уште трае. И крајот на 2020 година одминува со мерки за заштита кои граѓаните тврдат дека ќе ги почитуваат и за време на престојните празници.

error: Content is protected !!