21-годишнина од загинувањето на полицискиот службеник Цоки Стојановски

Во Тетово вчера беше одбележана 21-годишнината од загинувањето на полицискиот службеник Цоки Стојановски во конфликтот во 2001 година.

Помен парастос беше одржан на неговото вечно почивалиште на православните гробишта во Тетово. Букети свежо цвеќе во знак на почит и сеќавање и на неговата спомен биста во кругот на сообраќајната полиција во Тетово положија роднини, пријатели, колеги, претставници на здруженија и политички партии.

Полицаецот Цоки Стојаноски, загина кобниот ден 2001 година како 28 -годишник бранејќи го суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија. Ноќта на 1 август 2001, одговори на својот последен предизвик, за одбраната на неговиот роден град Тетово. Истрел од куршум го усмрти Стојаноски кој на пунктот лоциран пред поранешните простории на Радио Тетово беше на должност командир на реонот од наплатната рампа кон Гостивар до Станицата за безбедност на патниот сообраќај. Полицаецот Цоки Стојаноски, беше познат како човек целосно посветен на службата и на должностите, кои ги извршуваше секогаш со иста совесност. Стојаноски беше сопруг и татко на две ќерки. 

Данијела Билбилоска