21-та пензионерска ревија на песни, музика и игри
Тетово беше домаќин на 21-та пензионерска ревија на песни, музика и игри. На големата сцена во тетовскиот центар за култура настапија членови на пензионерски здруженија од четири општини. Присутните имаа можност да уживаат во мултиетничка манифестација исполнета со богата културно-уметничка програма.
Здружението на пензионери од Тетово денес беше домаќин на 21-та пензионерска ревија на песни, музика и игри. На големата сцена во тетовскиот центар за култура „Иљо Антески-Смок“, настапија членови на пензионерски здруженија од скопските општини Ѓорче Петров, Шуто Оризари, Бутел како и пензионери од Тетово. Присутните имаа можност да уживаат во мултиетничка манифестација исполнета со богата културно-уметничка програма. А како организатор на манифестацијата се јавува Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија.
Ваквите манифестации се одлична можност за меѓусебна дружба на пензионерите како и размена на мислења и искуства, посочи претседателот на Здружението на пензионери на Тетово, Селвер Мемети.
Сите учесници на денешната ревија се потрудија да презентираат квалитетни изведби, сите добија благодарници, а најдобрите ќе земат учество на Републичката пензионерска ревија на песни, музика и игри која ќе се одржи во Скопје.
Ивана Серафимовска