233 интервенции на ТППЕ од 1 јануари до сега

233 интервенции реализирала Територијалната противпожарна единица Тетово од први јануари, заклучно со денеска, во Полошкиот регион. Со покачувањето на температурите, се бележи благо покачување на бројот на итнервенции, а најголем дел од нив се на отворен простор.

Во моментов единицата ги има сите потребни ресурси, како човечки, така и во однос на потребна механизација. За летната сезона, командирот Алити вели дека единицата е максимално подготвена.

Маја Пероска