27-мо издание на детскиот фестивал „Јаболчиња“

На оваа фестивалска вечер беа испеани 16 детски песни.

27-мото издание на детскиот фестивал „Јаболчиња“, изминатава сабота го исполни Домот на културата во Тетово. Новата фестивалска изведба на детски песни ја одрази и изрази радоста на најмладите преку песната за нивната љубов кон татковината, светот, нивните игри. Оваа фестивалска вечер облагородена од магијата на песната, претставуваше вистинско уживање за присутната публика.

Фестивалот на детски песни „Јаболчиња“ е формиран во Тетово во 1996 година. На фестивалот низ годините како соло пејачи имаат учествувано над 600 учесници и околу 10 илјади хористи што го прави фестивалот еден од најреномираните во нашата држава.

Ивана Серафимовска