30-дневен притвор за 19-годишниот тетовец кој се обиде да изврши обљуба врз малолетничка

Секторот за внатрешни работи Тетово, до Основното јавно обвинителство Тетово, поднесе кривична пријава против Н.Н.(19) од Тетово поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“.

Тој на 1 март годинава околу 14 часот во влез од зграда на улица „Видое Смилевски-Бато“ во Тетово, допирал по тело малолетничка од Тетово и се обидел да изврши обљуба врз неа.

Набрзо потоа, пријавениот бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово, а вчера (3 март) судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово му определил мерка притвор во траење од 30 дена.

error: Content is protected !!