35 пациенти со ковид 19 хоспитализирани во тетовската болница


Notice: Undefined variable: args in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 371

Сите 35 хоспитализирани лица се на кислородна поддршка и голем дел од нив имаат коморбидитети.

35 лица со ковид 19 се хоспитализирани на одделенијата во Клиничката болница во Тетово. Бројот е двојно зголемен во споредба со од пред две недели, а лекарите очекуваат дека бројките ќе растат и во периодот што следи.

Засега има слободни кревети, меѓутоа ако продолжи зголемувањето на бројките ќе биде потребна нова реорганизација на работата на медицинскиот кадар и болничките капацитети.

Според лекарите зголемувањето на бројот на новозаразени со коронавирус се должи и на тоа што граѓаните се опуштија и не ги почитуваат доследно мерките за заштита од ширење на заразата со коронавирусот. Маска на лицето ретко се носи, а се прават и семејни прослави, како да нема пандемија.

Инаку, во вчерашната ковид статистика беа регистрирани 3 лица од тетовско кои ја загубиле битката со болеста, а 17 биле позитивни на тестот за ковид 19. Во овој регион бројката на активни случаи достигна 446.