35. Седница на Советот на Општина Тетово

Тетовските советници не додоа согласност „Градски паркинг“ да подигне кредит. Наверојатно можност за повторно гласање на оваа точка ќе и се даде на следната седница.

Долга дискусија помеѓу советниците предизвикаа неколкуте точки од дневниот ред за Јавното претпријатие „Градски паркинг“ на денешната Седница на Советот на општина Тетово. Најпрво беа усвоени Предлог- финансиските извештаи за работата на претпријатието за првите две тромесечја од годинава, кои покажале дека истото работи со загуби, по што не беше прифатено барањето за кредит од комерцијалните банки.

Според финансикиот извештај Градски паркинг во првото тромесечие има загуба од 273 илјади денари, додека во второто со загуба која ја надминува цифрата од 3 милиони денари, според образложението на претставникот истото е поради коронакризата.

Мнозинството од советниците гласаа против претпријатието за градски паркинг да добие согласност за кредит, со образложение дека истото работи со големи загуби и нема да може да го исплати.

Инаку на днвениот ред на Седницата се најдоа точки за финансика помош и помош на социјални семејства, како и неколку детални урбанистички планови и легализација на бесправно изградени објекти.

error: Content is protected !!