38 нови случаи со Ковид 19 во земјава, 3 во Тетово

Во изминатите 24 часа во земјава регистрирани се 38 нови случаи на ковид-19, од кои 3 се од Тетово. Двајца пациенти од Тетово починаа, а Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти.

Починаа двајца пациенти од Тетово. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 74 годишен пациент, лекуван на клиниката од 21 мај. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент на возраст од 57 години, хоспитализиран на 23 мај. Во Институтот, од болницата Ремедика, за анализа е пристигнат постмортем брис на пациент од Скопје (53г) и истиот е позитивен на ковид-19.

Во последните 24 часа направени се 560 тестирања, а регистрирани се 38 нови случаи на ковид-19. Скопје 24, Куманово 4, Штип 4, Тетово 3, Неготино 2 и Битола 1.  Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти.

„Исправени сме пред два избора – да се навикнеме безусловно да ги почитуваме мерките за заштита на здравјето кои се предуслов за нормализирање на состојбата или со непочитување на мерките да ризикуваме повторно враќање назад кон рестрикции и остри мерки“, вели министерот за здравство, Венко Филипче, во своето обраќање објавено на социјалните медиуми.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2077, бројката на оздравени пациенти е 1486, на починати е 122, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 469.

error: Content is protected !!