4 новозаболени со Ковид-19 во Тетово од вкупно 7 во земјава во изминатите 24 часа

Oд вкупно 7 нови случаи на Ковид -19 регистрирани во земјава во изминатите 24 часа, 4 се од Тетово.  Истовремено и бројот на оздравени денес на ова подрачје е најголем во споредба со другите региони и тој изнесува 13.  

Во изминатите 24 часа во земјава направени се 113 тестирања. Освен 4-те случаи во Тетово, потвредени се и по еден случај во Скопје, Прилеп и Кратово. Институтот за јавно здравје регистрира вкупно 47 оздравени пациенти и еден починат пациент.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1518, бројката на оздравени пациенти е 992, на починати е 85, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 441.

error: Content is protected !!