40 пацинети со ковид 19 се хоспитализирани во тетовската Клиничка болница


Notice: Undefined variable: args in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 371

Лекарите оценуваат дека и покрај благиот пад на нови случаи, сепак, состојбата во ковид центарот е критична.

На одделенијата на тетовскиот Ковид центар се лекуваат 40 пациенти. Сите освен еден се на кислородна поддршка. Во амбулантите, пак, дневно услугите ги користат  50-тина лица. Лекарите оценуваат дека и покрај благиот пад на нови случаи, сепак, состојбата во ковид центарот е критична.

Со оглед на тоа дека на сите пациенти им е потребна кислородна поддршка, од болницата велат дека имаат доволни количини и дека снабдувањето оди континуирано.

Во тетовскиот регион од почетокот на месец април имало 30 починати, со што досега битката со ковид 19 ја изгубиле 269. Бројот на активни случаи заклучно вчерашниот ден изнесува 655, додека вкупниот број на ковид дијагностицирани од почетокот на пандемијата до сега во достигна речиси 7 000.