41 искачување на Титов Врв на 28 мај

По 41-ви пат овој викенд ќе се одржи традиционалното искачување на Титов Врв на Шар Планина, во организација на Планинарскиот клуб Љуботен од Тетово. Искачувањето ќе се одвива по маркирана патека Вакуф во организирана колона.

Најавено е учество на планинари од земјава, како и од неколку други држави, а клубот ги поканува сите вљубеници во природата да се приклучат на овој настан, со претходна пријава.

Настанот е предвидено да трае два дена. Во саботата ќе биде организирана акција за чистење и други активности, додека во недела е искачувањето.

Организацијата на овој настан започнала во 1980 година кога се одржало првото, тогаш меморијално, искачување.

Данијела Билбилоска