41 лице ја прекршиле одредбата за органичено движење на полошкото подрачје

37 лица биле приведени од страна на полицијата поради непочитување на Одлуката за ограничено движење во текот на продолжениот карантински викенд во Тетово. Првиот ден, односно во петокот, немало ниту едно прекршување на полицискиот час, останатите се регистрирани во последните 48 часа, односно најмногу во текот на вчерашниот ден, 22. Во овој период се изготвени и 135 прекршочни платни налози за неносење заштитна маска.

„Изминатиов продолжен празничен викенд полициските службеници на СВР Тетово на подрачјето кое ингирентно го покриваат вкупно откриле 41 лице, од кои 27 на тетовските и 4 на гостиварските простори, кои не ај почитувале односно ја прекршиле забраната за движење. Лицата се лишени од слобода, задржани во полициските станици и ќе се соочат со соодветни поднесоци. Во овој период за неносење заштитни маски на вкупно 288 лица (ТЕ-135 и ГВ-153) изготвени им се прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина Уредба“, вели портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

По предлогот за воведување на полициски час од 22 до 5 часот, градоначалничката на општина Тетово, Теута Арифи, смета дека оваа мерка не ги дава соодветните резултати. Според неа многу поважна е комуникацијата со граѓаните за да се уверат во сериозност на состојбата.

По 80 часовниот карантин во Тетово денес имаше голема раздвиженост. Граѓаните проложија со секојдневните активности. Повторно имаше лица кои неносеа заштитни маски, односно не ги почитуваа мерките за заштита од ширење на заразата со коронавирусот.

error: Content is protected !!