42 пешаци вчера биле казнети поради сторени сообраќајни прекршоци


Notice: Undefined variable: args in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 371

Најголемиот дел од нив некористеле тротоари и преминувале улица надвор од пешачки премин.

Вчера од 8 до 13 часот, на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола на пешаци и на нивното однесување во сообраќајот. При контролата откриени и законски се санкционирани вкупно 42 прекршоци (ТЕ-33 и ГВ-9). Најголемиот број од прекршоците се однесувале на некористење на тротоари и на преминување на улиците надвор од пешачки премини. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Вчера, исто така, на улиците „Маршал Тито“ и Видоја Смилевски-Бато“ во Тетово полициски службеници на СВР Тетово времено одзеле три патнички моторни возила со скопски и тетовски регистарски ознаки, што ги управувале тетовци на возраст од 30, 38 и 45 години, а кои имале истечена регистрација повеќе од шест (6) месеци.