44 хоспитализирани во тетовската болница

На инфективното и на двата ката во интерното одделение во Клиничката болница во Тетово моменатално се хоспитализирани 44 пациенти со ковид 19. Сите се потешка клиничка слика поради што им е потребна кислородна поддршка. За жал битката со вирусот вчера ја загубија две лица.

За сега ситуација е стабилна во однос на капацитети и медицински персонал, но болницата се подготвува за секаков исход, поради што се прави реорганизација.

Вчерашната статистика на Институтот за јавно здравје за Тетово и околните општини по подолго време покажа двојно поголем број на оздравени од нови случаи, односно 79 лица се избориле со болеста, додека 40 се заразиле. Инаку бројот на активно болни изнесува 992, а од почетокот на пандемијата до сега во овој регион се регистрирани вкупно 3 222 случаи на ковид 19.

error: Content is protected !!