5-годишнина од загинувањето на полицајците во Куманово

Денеска се навршуваат пет година од воружената пресметка во кумановската населба „Диво насеље“, во која животот го загубија осум припадници на специјалните единици на македонската полиција, а беа повредени 37 други полицајци.

Семејството, пријателите и претставници на Министерството за внатрешни работи со посета на вечните почивалишта им оддадоа почит на Сашо Самојловски од Тетово и Жарко Кузмановски од Брвеница. 

Семејствата на загинатите  реагираат дека и по 5 години настаните во кумановската населба остануваат неразјанети.

На 9 мај 2015 година македонските безбедносни сили во кумановската населба позната како „Диво насеље“ се судрија со вооружена група од Косово. Во престрелките загинаа полицајците: Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ.

error: Content is protected !!