56 лица кои допатувале од Хрватска сместени во карантин во хотелот Арена Тетекс на Попова Шапка

Дел од сместувачките капацитети на Попова Шапка се предвидени како места за карантин и изолација на луѓето кои доаѓаат од странските земји. 56 македонски државјани кои допатувале од Хрватска доцна синоќа се сместени во карантин во хотелот Арена Тетекс на Попова Шапка. Според првичните прегледи и епидемиолошката анкета, ниту еден од нив не покажал симптоми на Ковид -19.

Инаку и двата хотели во државна сопственост, поточно на ЕЛЕМ ТУРС подружница Попова Шапка Тетово, со вкупен капацитет од 250 легла, се ставени на списокот на сместувачки капацитети каде по потреба ќе престојуваат лица кои треба да бидат во изолација.

Во целата земја има обезбеден капацитет од 2104 легла, во 19 сместувачки објекти.

Според Владата, протоколот налага дека ниту еден граѓанин сместен во државен карантин во периодот од 14 дена не смее да ја напушти сопствената соба, ниту објектот, а секој кат од секој сместувачки објект траба да биде строго контролиран и обезбеден од војската и полицијата.

Инаку, од Владата уверуваат дека граѓаните сместени во државните карантински објекти не се закана за никого, а објектите ги обезбедуваат полицијата и војската.

error: Content is protected !!