6 месеци суспензија на деталниот урбанистички план за блок 57
Тетовските советници на денешната седница ја изгласаа точката со која на дополнителни 6 месеци се суспендира Деталниот урбанистички план за блок 57, односно просторот на поранешната фабрика Шик Јелак, каде е предвидено да се изгради нов станбен комплекс. Суспензијата е врз основа на тоа дека предложениот не е според стандардите, односно во него нема предвидено доволно паркинг места, зеленило, паркови и други недостатоци.
На Седницата помина и Одлуката за утврдување на висината на надоместок на услуги што ги врши ЈКП Тетово за православни гробишта. Советниците на ВМРО ДПМНЕ информираа дека капелата се очекува да започне да работи за две недели.
Прифатени беа и донации на неколку компании за инфраструктурни активности, односно реконстукција на локален пат во селото Селце, како и донација на граѓанска иницијатива од корпи за отпадоци.
Данијела Билбилоска