6 хоспитализирани пациенти со ковид 19 и 82 амбулантски прегледи во тетовската Клиничка болница
На инфективното одделение во Клиничката болница во Тетово хоспитализирани се 6 пациенти со ковид 19. Од нив двајца се невакцинирани, а четворица со примени две дози вакцина. Сите се на кислородна поддршка.
Од болницата информираат дека 79-годишна пациентка од Тетово починала вчера како последица на ковид која имала предходни хронични заболувања, вакцинирана со две дози. На лекување била примена на 22 јанари.
Зголемување се бележи кај бројот на амбулантските прегледи. 82 лица со ковид 19 побарале медицинска помош, за разлика од предходниот ден кога имаше 30.
Инаку за 7 дена во Тетово и тетовско регистрирани се нови 280 случаи со ковид 19, со што бројот на активни случаи заклучно вчерашниот ден изнесува 457.
Од почетокот на пандемијата досега, во овој регион регистрирани се вкупно 12 018 ковиддијагностицирани лица, од 553 ја загубија битката со вирусот.