64 лица казнети за неносење маска

Полициски билтен на СВР Тетово.

Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово за неносење заштитни маски на вкупно 64 лицa (ТЕ-37 и ГВ-27) изготвени им се прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина Уредба. Во овој период на 70 лицa (TE-32 и ГВ-38) изготвени им се нови решенија за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, а извршени им биле контроли на 904 лица со вакви решенија и не биле констатирани неправилности околу почитувањето на решенијата.

Вчера во СВР Тетово било пријавено дека пред исклучокот за с. Лешок, тетовско, во објект во изградба, додека изведувале градежни работи во фирма со повреди се здобиле две лица, 42-годишник од с.Ѓермо и 27-годишник од с.Радиовце. По незгодата лицата биле пренесени во Клиничка болница Тетово.

Во Гостивар вчера полициски службеници привеле 45-годишник кој управувал патничко моторно возило, бидејќи не почитувал издадена наредба и нападнал полициски службеник при вршење работа на безбедноста. Вчера во Тетово лишен од слобода е 21-годишник од село Чегране бидејќи при преглед кај него била пронајдена прашкаска материја.

27-годишник од село Ѓурѓевиште вчера пријавил дека предходниот ден во Гостивар бил физички нападнат од двајца жители на село Градец, со кои претходно имал недоразбирање.

Во полицискиот битен регистриран и пожар во атарот помеѓу тетовските села Пршовце и Глоѓи. Пожарот зафатил ниви посеани со пченица, сопственост на тројца жители на село Глоѓи. Нема повредени лица, а пожарот бил целосно локализиран од месното население и екипа на Територијалната противпожарна единица-Тетово.

error: Content is protected !!