66 лица казнети за неносење заштитна маска

Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово за неносење заштитни маски на вкупно 66 лицa (ТЕ-34 и ГВ-32) изготвени им се прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина Уредба. Во овој период на 45 лицa (TЕ) и на 24 (ГВ) изготвени им се нови решенија за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, а извршени им биле контроли на ТЕ-289 и ГВ-423 лица со вакви решенија и при тоа не било утврдено непочитување на решенијата.

Вчеравечер на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Tетово ги лишиле од слобода три лица од тетовски Порој, поради основи на сомнение за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. При нивен и преглед на возилото во кое се превезувале, биле пронајдени остатоци од бела прашкаста материја. Тројцата се задржани во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот.

Вчера на локалниот пат што од автопатот Гостивар-Тетово води кон гостиварско Врапчиште, се случила сообраќајна незгода во која учествувале товарно моторно возило, управувано од 23-годишник од Кратово и мотоцикл без регистарски ознаки, што го управувал 66-годишник од Врапчиште. Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, кои се констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош. Увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

error: Content is protected !!