68 годишен пациент заболен од КОВИД 19 од тетовски Пирок почина на скопските клиники

Меѓу заразените пациенти е и полицаец од СВР Тетово и медицинска сестра од болницата за белодробни заболување во Лешок. Кај полицаецот вирусот е дијагностициран пред два дена. Но и пред тестирањето, тој имал симптоми на болеста и бил на боледување,но минатата недела тој дошол на работа поради некои обврски. Тој сега се наоѓа во домашна изолација, а во карантин се наоѓаат и негови колеги кои биле во контакт со него.Од Специјалната болница за белодробни болести и туберкулоза во Лешок, не известија дека медицинската сестра најверојатно се заразила од гости кои дошле од странство.

Бидејќи во болницата работиме сменски и поделени во тимови,таа изминативе денови не била на работа и немала контакт со пациенти.Во карантин се само шест нејзини колеги, на кои им се земени брисеви, не известија од раководството на болницата.

Инаку полицијата испитува каде и со кого се движел полицискиот службеник од Тетово, кој е позитивен на КОВИД-19, и колку луѓе довел во опасност од можно заразување со коронавирус.

Powered by Live Score & Live Score App