699 семејства денес го слават Свети Никола


Notice: Undefined variable: args in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 371

Православните верници денеска го слават Свети Никола, слава која ја одбележуваат најмногу семејства во земјава – во Тетово нивната бројка изнесува 699. Во црквата која го носи неговото име во Тетово, православните верници утрово присуствуваа на литургија, запалија свеќи за здравје и ги осветија славските колачи, виното и пченицата.

Свети Николај Чудотворец, архиепископ Мирликиски е славен Божји светител кој се слави низ сиот свет. Славен е од како од Православните, така и од другите христијани. Најстарото житие за него потекнува од 10 век. Се смета за заштитник на децата, морепловците, сиромашните, учениците, аптекарите, трговците, патниците.

Некои дури сметаат дека токму Свети Никола стои позади легендата за Дедо Мраз, човекот кој носи подароци. Бил роден во Патра, Мала Азија, околу 270та година, како единствено дете на своите родители. Го добил името Никола кое во превод значи народен победник. По смртта на своите родители, тој го продал целиот свој наследен имот и парите од продажбата ги поделил меѓу сиромасите, а додека бил свештеник во својот роден крај, бил познат по своите милостиви дела.

Починал на 19 декември 343та година.