7 ликовна изложба на учесниците на ликовната работилница на Максимовски

7-та ликовна изложба на учесниците на ликовната работилница на м-р Славчо Максимовски се одржа синоќа во Музејот на Тетовски крај, поранешно Дом на АРМ во Тетово. Беа изложени дела на децата изработени со различни техники, како пастел, акрил на платно, молив, акварели и други.

Децата кои ја посетуваат работилницата се задоволни од досеганаученото.

Оваа година имаше најголема заинтересираност за учество во ликовната работилница на Максимовски. Во неа учествуваа 30-тина деца на различна возраст. Голем успех за Максимовски е што дел од учениците низ годините го продолжиле своето образование во ликовната уметност.

Данијела Билбилоска