7 позитивни на Ковид-19 во Ренова и Шкендија

Синдикатот на фудбалери на Македонија, во саботата изврши тестирање на сите ангажирани лица во фудбалските клубови Ренова и Шкендија. Резултатите од тестирањето кои пристигнаа вчераа предизвикаа вистински шок помеѓу љубителите на фудбалот, бидејќи дури 7 теста беа позитивни. 5 од позитивните тестови се регистрирани во ФК Ренова, додека 2 во ФК Шкендија. Нема официјална информација дали се работи за фудбалери, тренери или членови на раководствата на клубовите.

Двата клуба веднаш ги прекинаа тренинзите на неодредено време и очекуваат насоски од Комисијата за заразни болести и Фудбалската федерација на Македонија, дали и како ќе продолжат со тренинзи. Веднаш откако Синдикатот на фудбалери на Македонија ги соопшти резултатите, екипите на Вардар и Македонија Ѓорче Петров прекинаа со тренинзи на неодредено време, се до конечна одлука на Комисијата за заразни болести.

Денес требаше да биде извршено тестирање и во фудбалските клубови Вардар, Шкупи и Струга Трим Љум, но освен Вардар, останатите два клуба не дозоволија тестирање, сомневајќе се во веродостојноста на резултатите.

error: Content is protected !!