70 години музичко училиште во Тетово


Notice: Undefined variable: args in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 371

Државното музичко училиште “Тодор Скаловски – Тетоец” од Тетово прослави 70 години постоење. По тој повод вчера беше одржан јубилеен концерт.

Со јубилеен концерт вчера Државното музичко училиште “Тодор Скаловски – Тетоец” од Тетово одбележа 70 години од основањето.  Пред присутните настапија ученици и поранешни ученици кои се денес професори. Поради пандемијата, коцертот се одвиваше со мал број на поканети гости и протокол.

На 1. февруари 1950 година училиштето се формирало со решение на Народниот одбор на општина Тетово. Наставата започнала на 1. март во истиот објект во која се наоѓа и денес. Со ова училиштето е меѓу првите музички училишта во земјава. Поради одредени недоразбирања со Општината во 1962 било затворено, а по 5 години на иницијатива на група граѓани повторно отварено. 

Од 2001 година училиштето се преименува и кон постоечкото име „Основно музичко училиште“ го додава името на композиторот академик Тодор Скаловски – Тетоец, основоположник на музичкиот живот во Македонија по Втората светска војна.