700 лица во земјава се правно невидливи

45-годишниот Џеват Красниќи од Тетово, кој наместо матичен има евиденциски број, односно привремена лична карта, не може да го оствари првото на социјална помош. Дополнително се соочува со здравствени проблеми, па сите лекарски прегледи мора да ги плаќа приватно.

            Во општина Тетово пријавени се вкупно 33 лица кои се соочуваат со проблеми при остварување на своите права поради тоа што не поседуваат документ за идентификација. Бројката на правно невидливи лица во целата земја е околу 700. Новиот Закон за евиденција на неевидентирани лица во матична книга на родени овозможува овие лица да бидат вклучени афирмативно во 4 права, социјална и здравствена заштита, образование и вработување.

            Со цел обука и доинформирање и на граѓаните и на институциите на локално ново во однос на одредбите на новиот Закон Министерството за труд и социјална политика организира низа посети во општините каде се мапирани лица без документи.  

Данијела Билбилоска