704 мерки за сигурносни појаси

Секторот за внатрешни работи Тетово во континуитет презема контролни и други активности за откривање и законско санкционирање на сите сообраќајни прекршоци.

Заклучно со минатиот месец, полициските службеници на СВР Тетово во Тетово и Тетовско изрекле вкупно 704 мерки за појаси, кои биле заокружени со соодветни поднесоци, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Имајќи ги предвид овие состојби, Секторот за внатрешни работи Тетово повторно апелира до возачите задолжително да ги употребуваат, односно да ги врзуваат сигурносните појаси подеднакво, и кога се движат на подолги релации, но и низ градските улици, бидејќи станува збор за мерка насочена најмногу на нивната лична безбедност како и за безбедноста на другите во возилата.

Користењето на сигурносните појаси е пред сѐ законска обврска, но факт е и дека тие значително влијаат какви ќе бидат последиците од можните сообраќајни несреќи. Секое нејзино непочитување повлекува санкции, без разлика дали станува збор за возач или патник на предното или задното седиште.

И неделава во Тетово продолжуваат засилените сообраќајно-контролни активности на мотоцикли, на возила со вградени фолии, како и на возила кои не ги почитуваат знаците и прописите што се однесуваат на паркирањето.

Во овие активности вчера биле откриени и законски санкционирани 9 непрописно паркирани возила, кои веднаш биле подигнати од тетовската „пајак-служба“, исто толку возачи без положен возачки испит, 4 нерегистрирани возила, 1 возач-почетник кој не се придржувал на законските ограничувања и други прекршоци. Откриените прекршоци заокружени се со соодветни поднесоци.

error: Content is protected !!