76 години од ослободувањето на Тетово

Пред споменикот на револуцијата беше положено свежо цвеќе, а во предвечерието на празникот на локалните медиуми беше емитувана документарна програма подготвена по тој повод.

Тетово денес празнува. Денот на ослободувањето на градот, 19-ти Ноември беше одбележан со повеќе активности. Свежо цвеќе пред Споменикот на револуцијата денес положија делегација на Општинската организација на Сојузот борци, претставници на Армијата, како и делегации на политичките партии СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ.

Додека тетовчани се обединија заеднички да го прослават роденденот на градот, Локалната самоуправа не ги удостои ниту со присуство на денешната свеченост, ниту со поддршка на документарна програма, која синоќа беше емитувана на локалните медиуми, а ја подготвија Сојузот на борци заедно со граѓани продолжувачи на традициите.

Сојузот на борци нема и поддршка од Општината да се постават бистите на народните херои на Тодор Ципоски Мерџан и Ѓоце Стојчески Амбарче кои во 2006 се отстранети при реконструкција на плоштадот.

error: Content is protected !!